fbpx

Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка

Состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка. Изгорени се над 130 километри квадратни, активни се уште многу пожари и зафатена е огромна површина од над 20.000 хектари.

Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија.

Граѓаните од терен посочуваат дека пожарникарите навреме делуваат и силно се борат со огинот, но во исто време забележуваат на спора реакција на воздухопловите и доцнење со часови.

Лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите во изминатите денови.

Го нема ниту најавеното засилено присуство на полицијата на теренот како дел од превентивните мерки.

Повеќе од 10 дена гори пожарот во Македонски Брод, селата Тажево и Брезница се под закана. Информациите од терен потврдуваат дека пожарникари има постојано но нема соодветна воздушна поддршка.

Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен?

Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи.

Бараме итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи.

Само директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, Тошковски и Мицкоски зошто ги нема?

Мицкоски мора да разбере колкава одговорност носи и мора да преземе нешто а не да спие, да се појави на терен, да ја подобри координацијата на воздухопловите и ефикасноста на институциите, побрзо да реагираат.

Линк до видео:

Последни вести