fbpx

СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО за што јавно се извинуваме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска во одговор на новинарско прашање СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.

Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.

СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност.

Последни вести