fbpx

Мицкоски не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ што ја опоравуваат економијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пред да шири лажни вести, Христијан Мицкоски да ги провери реалните факти што ја докажуваат исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Наспроти криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ коешто резултираше со осиромашени граѓани, задолжена држава и опустошена економија, Планот за економски раст и економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати.

Зголемена е минималната плата за работниците во сите индустрии која изнесува 12.000 денари, следува зголемување на платите во образованието, армијата и здравството, а скратени се непродуктивните трошоци.

Со спроведување на Планот за економски раст, потпишани се договори со осум странски компании, инвестиции вредни 73,5 милиони евра без да биде потрошен ниту денар на граѓаните за промоција и роуд шоуа.

Исправноста на политиките на Владата предводена од СДСМ ја потврди и меѓународната рејтинг агенција Фич којашто го подобри кредитниот рејтинг на Македонија.

Очигледно е дека Мицкоски не може да се помири со успешноста на Владата во економијата, наспроти погубните политики на неговата партија што оставија пустош во економијата. Владата преводена од СДСМ продолжува со остварување на Планот за економски раст и спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 26.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести