Соопштение за јавност
11 годишното расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош во економијата.
Токму неспособноста и криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се причината за предизвиците со коишто денес се соочува Фондот за пензинско и инвалидско осигурување.
Граѓаните можат да бидат спокојни, Владата предводена од СДСМ презема низа на мерки за санирање на штетите, стабилизација и одржливост на Фондот. Владата се грижи за сегашните и идни пензионери, исплатата на пензиите ќе продолжи редовно и навремено.
За Владата предводена од СДСМ одржливоста на пензискиот систем е приоритет и затоа преку економските политики и Планот за економски раст, се обезбедуваат нови инвестиции, нови работни места, повисоки плати и економски развој, мерки преку кои ќе се стабилизира состојбата со ПИОМ. На тој начин, зголемувањето на старосната граница за одење во пензија нема да биде потребна.
Скопје, 24.02.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА