fbpx

Мицковски во одбрана на насилното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое граѓаните го поразија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицковски покажува дека нема капацитет да ја надмине матрицата на делување и функционирање на Никола Груевски.
Споменикот дивоградба беше поставен незаконски, без почитување на процедурите и неговото отстранување става крај на насилното, своеволно поставување споменици кои служеа за остварување на криминални интереси, предизвикувајќи поделби меѓу граѓаните.

Затоа овој споменик дивоградба е симбол на насилното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години. Паметник на погрешното, криминалното, спротивното на интересите на граѓаните.

Загледан во минатото, Мицковски покажува целосна отсутност од релноста. Очигледно нема сила да предизвика вистински промени во ВМРО-ДПМНЕ и внатрешни реформи за демократизација и прогресивни политики кои ќе гледаат кон иднината.

Ретроградните политики на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, коишто денеска Мицковски се обидува да ги брани, беа поразени од граѓаните на последните два изборни циклуси.

Демократските, прогресивни сили во општеството, се посветени на владеење на правото и правда за сите, а од тоа не може да има отстапки ниту исклучоци.

Скопје, 22.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести