fbpx

Одговорноста останува непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ, случајот со малолетната жртва се расчистува, се преземаат превентивни мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не престанува да злоупотребува лични и човечки трагедии, иако целата јавност сведочи дека случајот со малолетната жртва целосно се расчистува и се преземаат мерки за превенција, за никогаш повеќе да не се повторат вакви случаи.

Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да се обидува да профитира на човечки судбини, а потоа да повикува на одговорност, кога одговорноста беше и останува непозната категорија за опозициската партија.

За жал, овој случај ги покажува недостатоците на системот на социјална заштита што со години беше уништуван од страна на ВМРО-ДПМНЕ и потребите од промени во општеството. Затоа, како што најави, Министерството за труд и социјална политика заедно со надлежните институции, започнува сериозно да работи на трансформација на домовите за згрижување деца во мрежа на мали групни домови, со што ќе се обезбеди подобра заштита и значително ќе се намали ризикот за повторна појава на ваков или сличен случај.

 

Скопје, 19.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести