fbpx

Кирацовски за Прочка: Преку меѓусебно помирување и почитување градиме едно општество за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз Александар Кирацовски во чест на празникот Велики поклади – Прочка, упати честитка до граѓаните кои го чествуваат овој голем христијански празник, како и до поглаварот на МПЦ – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

„Ви го честитам денешниот празник со желба за добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.

Пораката што ја праќа денешниот празничен ден нè води кон патот на нашето индивидуално и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на едно општество на еднакви граѓани, концепт што носи добро за сите.

Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено.
Среќен празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден“

 

Скопје, 18.02.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести