fbpx

СДСМ: Министре Тошковски, време е за лична одговорност, поднесете оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Панче Тошковски под притисок на СДСМ денеска ги потврди сите информации кои ги објавивме за пропустите на граничниот премин Блаце. За овие пропусти има тој лично одговорност и би било крајно несериозно таа одговорност да ја префрла на подредените.

Со неговото признание се потврдува дека е направена тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце, „пропуштени приватни лица и возила без контрола“, со што скандалот со свадбената поворка на претседателот на Собранието, Африм Гаши доби нови поголеми димензии.

Никој нема одговор на прашањето кој се ја поминал границата и што носеле во приватните возила. Овој скандал, не само што потврдува дека безбедноста на границите е нарушена, туку јасно го открива своеволието на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Но, ова е пред се голем срам за државата и граѓаните.

Уште еднаш повторуваме, министре Тошковски имате 24 часа чесно и доблесно до детал да ги објавите сите информации, во спротивно ќе ги објавиме ние.

Обидот одговорноста да се лоцира во раководителот на смена од страна на Тошковски е наивна и не поминува. Затоа што на овој начин вистинските виновници власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН сака да ги заштити.

Последни вести