fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е против концептот на едно општество за сите, Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги напушти политиките на деструкција и блокади, коишто предизвикуваат политички тензии, поделби и раздор во општеството. ВМРО-ДПМНЕ досега имаше можност да учествува во процесот на донесување на Законот за употреба на јазиците, но наместо тоа опозициската партија по сопствен избор одбра да не учествува во реформскиот процес.

Најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати во Собранието само за да блокира еден закон, е уште еден доказ дека опозициската партија продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата и дека нејзина единствена цел е да создаде нова политичка блокада со која ќе го закочи реформскиот процес.

Со таквото дејствување, ВМРО-ДПМНЕ е против европските вредности и против концептот на едно општество и уште еднаш докажува дека не се грижи за интересите и потребите на граѓаните, туку дека води ситни, провидни политикантски игри.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот на Амандманот 5 и истиот не фаворизира и не дискриминира ниту еден јазик, туку ја унапредува употребата на јазиците на сите немнозински заедници што живеат во Македонија. Законот не го доведува во прашање унитарниот карактер на Македонија, а употребата на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и понатаму остануваат единствени официјални службен јазик и писмо на територија на Република Македонија, во меѓународните односи, одбраната, монетарната политика и централната полиција.

Секој исчекор кон градењето на едно општество за сите, концептот во кој СДСМ силно верува и којшто доби сериозна поддршка од граѓаните на последните неколку изборни циклуси, е во интерес на Република Македонија и сите нејзини граѓани.

Скопје, 27.01.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести