Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ делува прилично изгубено и без јасна политичка определба секојдневно продолжува да шири лажни вести. Партија, којашто единаесет години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и направи пустош во економијата на сметка на личното богатење на поединци од нивните редови нема визија за своето политичко делување.
Не се точни информациите за наводно покачување на цената на водата со кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира.
Точната информација е дека цената на водата се намалува. Со најавените нови корекции се намалува и цената на водата во Скопје, од досегашните 29,39 денари на 28,67 денари за еден кубен метар. Со тоа граѓаните на главниот град плаќаат најниска цена за вода во земјава.
Согласно одлуките на општинските совети предводени од СДСМ намалување на цената веќе има во други општини во Македонија. Освен во Скопје, поевтина вода за пиење веќе користат и граѓаните на Прилеп, Штип, Виница, а се очекува да се создадат услови за намалување на цените и во други општини.
За разлика од расипничкото, коруптивно и недомаќинско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорното управување со јавните финансии, ги санира штетите, ги намалува трошоците за живот и создава услови за раст на економијата.
Владата предводена од СДСМ преку спроведените мерки како укинување на радиодифузната такса, воведување на евтината тарифа на струјата, решавање на проблемот со стечајните работници и зголемената минимална плата ги намалува трошоците за живот и обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните. Истовремено, Планот за економски раст овозможува услови за повисоки плати и отворање на нови работни места, со што ќе се намали невработеноста и ќе се придвижи економијата сериозно напред.
Скопје, 26.01.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА