Соопштение за јавност
По повод празникот Свети Сава, генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Александар Кирацовски, упати честитка до сите припадници на српската заедница во Македонија и до сите граѓани кои го слават денешниот празник.
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име упатувам срдечни честитки за денешниот голем празник Свети Сава на сите вас кои го празнувате и ви пожелувам добро здравје и квалитетен и спокоен живот.
Македонија има препознатливо богатство на традиции, вредности и различности што ја прават исклучително посебна држава која има со што да се гордее.
Наша заедничка определба е да ги чуваме, негуваме и развиваме таквите вредности и заедно да ја градиме Република Македонија како едно општество на еднакви, слободни и среќни граѓани, со која што сите ќе се гордееме.
Имајте убав празничен ден“.
Скопје, 27.01.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА