fbpx

Телеграма од генералниот секретар Кирацовски до семејството на поранешниот министер за внатрешни работи Томислав Чокревски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Кирацовски упати телеграма со сочуство до семејството и пријателите на поранешниот министер за внатрешни работи, Томислав Чокревски.

„Во мое лично име и од име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразувам искрено жалење и сочувство за загубата на Томислав Чокревски, татко, сопруг и врвен професионалец, поради што загубата не е само на семејството, туку и на Република Македонија.

Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надевам дека ќе најдете сила за утеха во големото безвременско дело што зад себе го остави Томислав Чокревски, како во научните, така и во државничките дострели.

Нека неговото дело биде патоказ за сегашните и идните генерации преку својата работа да создаваат и да ја градат сопствената, но и иднината на Република Македонија“.

 

Скопје, 05.12.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести