fbpx

Повратот на ДДВ ќе се реализира етапно и посветено, заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги осиромашуваше граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

За разлика од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога граѓаните беа постојано осиромашувани за да се остварат криминалните интереси на Никола Груевски и неговите соработници, Влада предводена од СДСМ активно работи на враќање што повеќе пари назад кај граѓаните.

Повратот на 15 отсто од Данокот на додадена вредност кај граѓаните е една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ и таа ќе биде остварена.

Повратот ќе се реализира етапно и посветено, со цел институциите и системот да бидат подготвени, најпрвин како пилот-проект во втората половина од 2018 година ќе започне во два региона, за да се види нејзината практична примена и да се надминат евентуалните пречки во реализацијата, а веќе од наредната, 2019 година ќе се примени на целата територија на Република Македонија.

Со повратот на 15 отсто од ДДВ, граѓаните на крајот од секоја година ќе добиваат солиден дополнителен приход во семејните буџети, ќе има повеќе пари во државниот буџет, а ќе се зајакне финансиската дисциплина и ќе се намали даночната евазија што со години е присутна.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи отчетно, одговорно и посветено во реализацијата на мерките што носат поквалитетен живот на сите граѓани.

 

Скопје, 25.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести