Соопштение за јавност
Премиерот Зоран Заев и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Република Македонија, на маргините на официјалната посета на Република Србија, оствари средба и со делегација на Демократска странка во оваа земја што ја предводеше претседателот на партијата Драган Шутановац.
Во придружба на потпретседателите на СДСМ, Оливер Спасовски, и Дамјан Манчевски, претседателот Заев ги информираше претставниците на ДС на средбата за резлтатите од посетата на Р. Србија и изрази уверување дека средбите со премиерката Ана Брнабиќ и со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, ќе придонесат за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Двајцата претседатели на партиите СДСМ и ДС, изразија задоволство од досегашната соработка на меѓупартиско ниво и нагласија дека во односите меѓу двете партии постои континуитет на размена на искуства.
Како сестрински социјалдемократски партии, давјцата лидери, Зоран Заев и Драган Шутановац разговараа за заедничките вредности што ги поврзуваат политиките што ги застапуваат, особено на планот на евроинтеграциските процеси, како и во делот на меѓусебната соработка.