Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и останува заробенa во своите политики на поделби, конфликти и изолација, политики што граѓаните целосно ги отфрлија на последните избори.
Новото време на соработка, пријателство, напредок и заедништво ги отвора перспективите на Македонија како едно општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви спрема правата и обврските. Измените на Законот за употреба на јазиците ја унапредуваат употребата на сите јазици на сите заедници во Република Македонија и истите се во согласност со Уставот на Република Македонија и Амадманот пет кои што се донесени пред 16 години.
Неуспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со јавноста и да создава нови, вештачки поделби меѓу граѓаните. Употребата на Македонскиот јазик и Албанскиот јазик нема да биде идентична.
Наместо секојдневно да шири лажни вести, граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да се надмине и да даде поддршка на процесите што носат придобивки за сите граѓани и коишто ја градат Македонија како едно општество за сите.
Скопје, 20.11.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА