fbpx

ВМРО-ДПМНЕ работеше на штета на граѓаните и фирмите, Владата предводена од СДСМ спроведува мерки за поквлалитетен живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше тајно и расипнички за богатење на Никола Груевски и неговите соработници, на штета на граѓаните, фирмите и економијата. Поради таквите погубни политики, стотици илјади граѓани ја напуштија државата, беа затворени над 10 000 компании, а околу 180 000 граѓани живееја со само 40 денари на ден.

Наспроти таквото криминално и расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со финансиите, ги санира штетните последици од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат поквалитетен живот за сите граѓани.

Како што вети, Владата предводена од СДСМ уште во првите месеци од мандатот донесе закон за повисока минимална плата, трајно го реши проблемот со стечајните работници, ја укина радиодифузната така и ја воведе евтината дневна тарифа на струјата, со што обезбеди повеќе пари назад кај граѓаните.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на зацртаните мерки и остварувања на дадените ветувања. Во таа насока е и Предлог Буџетот за 2018 година кој што овозможува повисоки плати во образованието, здравството, одбраната и детската заштита, повеќе пари за субвенции за сите земјоделци, далеку поголема државна помош за претпријатијата и се создаваат фер услови за инвестирање на домашните и странските инвеститори.

 

Скопје, 21.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести