fbpx

ВМРО-ДПМНЕ залудно глуми загриженост за студентите, Владата предводена од СДСМ вложува во образованието и студентскиот стандард

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ партијата која што 11 години ги понижуваше студентите, а студентските домови ги остави заглавени во долгови, денес да шири лажни вести и да глуми загриженост за студентите.

Не е точно дека се скратени средства за реконструкција на студентски домови. Вистината е дека средствата што не можат да се реализираат до крајот на годината, се пренаменуваат онаму каде што има реална потреба од нивно искористување.

Преку одговорен и домаќински пристап во работењето, Владата предводена од СДСМ ги врати долговите на студентските домови направени од ВМРО-ДПМНЕ, вложува во квалитетот на образованието и работи на подобрување на ученичкиот и студентски стандард. Со ребалансот на буџетот Министерство за образование и наука веќе предвиде нови 35 милиони денари за студентски стандард и 10 милиони денари за ученички стандард кои се наменети за ученички стипендии и школарини, а со новиот буџет за 2018 година предвидени се зголемени средства за ученички и студентски стандард.

Скопје, 19.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести