fbpx

Заев на Самитот на ПЕС во Сараево: Ќе го споделиме искуството, доаѓа време на социјалдемократијата во регионот и во Европa

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Многу се зборува за ЕУ, време е за акција“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на заедничката прес конфернција на лидерите од регионот и лидерите на ПЕС во Сараево.

„Собрани сме заедно, да најавиме дека ни е доста од квазипатроитизам и дека алтернатива е социјалдемократијата. Доаѓа време на социјалдемократијата“ оцени во изјавата премиерот Заев.

Тој додаде дека граѓаните ги препознаа вистинските вредности на политиките за заедничко општество за сите граѓани и затоа масовно ги поддржаа во Македонија.

„Ќе го споделиме искуството, им треба на ЕУ и на регионот, да ги вратиме парите кон граѓаните, да изградиме општества за сите. Има децении како десничарите владеат, промените се здрави, алтернатива е социјладемократијата“, додаде претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, констатираше дека „Сиромаштијата може да се надмине ако социјалдемократите дојдат во можност да ги водат државите“.

„Да ги испратиме пораките, граѓаните да следат што имаме да пондиме, а има многу“ рече меѓу другото претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на заедничката прес конференција во Сараево по првиот Панел на регионалниот Самит на ПЕС.
Претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев присуствуваше на
Регионалниот самит на ПЕС лидерите во Сараево, на Панелот „Регионална соработка во контакст на ЕУ интеграциите (Можеме ли да бидеме тим?)“
На почеткокот на Панел дискусијата, посебно беше поздравен претседателот на СДСМ и премиер на Република Македонија, Зоран Заев, за неговата силна верба дека промени се можни и за храбрите заложби за нивна реализација.

Промените што ги иницираше и направи претседателот на СДСМ, Заев се “искра во камен“. Треба да го следиме примерот во Македонија, различностите во регионот се наша предност, се меѓу пораките на присутните на регионалниот Самит на ПЕС лидерите во Сараево.

На Панелот „Регионална соработка во контакст на ЕУ интеграциите (Можеме ли да бидеме тим?), Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европски социјалисти рече дека претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев е импресивен пример како низ заедништвото, на мирен начин, се избори против режимот на Никола Груевски.

„Конзервативните партии ги користат стравовите на луѓето, нивните загрижености, низ различностите по која било основа. Авторирарните режими колабираат, но бараат конзистентност и притисок и луѓето да гласаат слободно, кога тие гласаат слободно, тие знаат како да се изјаснат“ рече претседателот на ПЕС, Станишев, кој јавно му честиташе на претседателот Заев за создадената можност во Македонија за слободно изјаснување на граѓаните, како и за постигнатиот успех, што е успех на целата држава.
Тања Фајон, пратеничка во Европскиот парламент и потпретседателка на Групата на Социјалисти и демократи во Европскиот парламент рече дека целта пред политичарите кои се грижат за граѓаните е отворање работни места и перспективи за младите луѓе и дека низ меѓусебна соработка е можен напредок и во регионот и во Европа.

Успехот во Македонија што го постигна претседателот на СДСМ Заев, според Кнут Флекенштајн, пратеник во Европскиот парламент и член на Групата на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, покажува дека тој е можен кога се работи храбро и со верба и треба да го имаат предвид другите држави.
Пристутните на Панелот „Регионална соработка во контакст на ЕУ интеграциите (Можеме ли да бидеме тим?)“ се согласни дека кога се во прашање ЕУ интеграциите, пред државите на Западен Балкан е поставен тестот на зрелост и одговорност, што бара отворена комуникација и соработка во регионот. Исто така, дека социјалдемократските партии се клучни партнери и сојузници во овој процес, поради своите помирливи тонови што ги испраќаат кон регионот.

Пораката од лидерите од регионот е дека се согласни да направат „мала социјалдемокртаска Европа во регионот“ којашто со полн интегритет ќе стане дел од Европската унија.
Првиот дел од регионалниот Самит на ПЕС, го заокружи претседателот на Партијата на европски социјалисти, Сергеј Станишев, кој пред новинарите од регионот рече:

„Тука сме затоа што нашата цел е да донесеме силна, предвидлива перспектива во ЕУ. За тоа е потребен напредок на државите од регионот и реформи. Заедно можеме да успееме“.

 

 

 

 

Последни вести