fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го погазуваше достоинството на лекарите, Владата предводена од СДСМ го унапредува здравството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Водејќи се од коруптивните и бизнис интереси и преку расипничкото, криминално и неодговорно владеење, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше лекарите и правата на пациентите. Поради тоа, годишно околу 200 доктори го напуштаа јавното здравство и заминуваа во странство или во приватниот сектор, со што здравствениот систем доживеа целосен крах.

За разлика од таквиот неодговорен однос кон лекарите и граѓаните, Владата предводена од СДСМ сериозно се зафати со решавање на наследените проблеми во здравството и активно работи на спроведување на мерките коишто обезбедуваат повисоки плати за лекарите, инвестиции во здравството и унапредување на здравствениот систем.

Доказ за тоа е што за здравствена заштита за 2018 година во Буџетот се предвидени 1,1 милијарда денари повеќе од минатата година.

 

Скопје, 15.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести