fbpx

Загадениот воздух е доказ за неуспехот на популистичката акција, се спроведуваат системски мерки за почист воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Акцијата „Ден на дрвото“ освен гол популизам не донесе никаков ефект за намалување на аерозагадувањето во градовите низ Македонија. Колку акцијата беше успешна се покажува и со моменталното загадување на воздухот, кое е директна последица од недомаќинското, криминално и расипничко 11 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

За ефектот на популистичката акција доволно говори фактот што успехот на зафатени садници е катастрофален и изнесува помеѓу 0 и 15 отсто во зависност од парцелата.

Активностите за пошумување ќе се реализираат со одобрена предлог програма на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, а денот на дрвото треба да се врати кај граѓаните, кај граѓанските организации, еколошките здруженија, за вистински да се спроведуваат ефикасни акции за зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина.

За разлика од несериозните и популистички потези на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ спроведува системски и издржани мерки кои на среден рок ќе обезбедат почист воздух и здрава животна средина за сите граѓани.

 

Скопје, 08.11.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести