Соопштение за јавност
Ние го поднесовме предлог Законот за бранителите затоа што сметаме дека треба да се затвори ова прашање, што предолго е отворено, каде семејствата на починатите бранители не се обештетени, каде треба да влезат во оваа категорија и оние кои ги дале својот живот во некои незгоди кои се случија, трагедии, како хеликоптерската несреќа итн, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски.
Тој ја обвини власта за двој и аршини во македонското Собрание и неосновано прекинување на законската постапка.
-Не може законско решение за кое се отвора дебата во законодавниот дом да биде предмет за креирање некакви тензии. Напротив, законодавниот дом е местото во коешто треба да ги отвориме сите дебати, да расправаме и да ги затвориме прашањата. Само ако отвораме прашања и дебати вонинституционално може да создадат тензии. Треба да продолжи постапката. Иако гледаме потези кои се влечат со прекинување на постапката за носење на законот. Гледаме дека претседателот на Собранието, Гаши, има двојни стандарди во однос на свикување на седницата. Кога е задолжувањето од Унгарија може да се свика седница на Комисијата, а кога се работи за Законот за бранители тоа не може. Двојство има и во одлучувањето. Постапката треба да продолжи согласно прописите, вели Спасовски.
Линк до видео од целото интервју:
https://www.slobodnaevropa.mk/a/33136149.html