fbpx

Заев: Гласајте за Борис Георгиевски, за современа Гази Баба и рамномерно развиено Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

-Здружени сме сите и од урбаното и од руралното јадро, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и Бошњаци, и Срби, и други, за живот да донесеме. Целата коалиција е тука, сите градоначалници се тука, од сите општини, знаеме, само заедно можеме да испорачаме резултати во општините и во Град Скопје. Скопје е единствено, сакаме рамномерно да се развива, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во село Јурумлери, општина Гази Баба, на завршниот митинг на СДСМ и коалицијата.

Претседателот Заев додаде дека сите граѓани се еднакви, затоа што сите плаќаат давачки и сите заслужуваат живот.

-Борче Георгиевски ја знае општината, едноставен човек е, ги знае луѓето, им помага, бевме заедно со него и со вас во сите битки, да бидеме сите заедно и на 29, и по 29 октомври, за среќа за сите, повика претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ посочи дека за 15-годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ во општината потрошени се повеќе од 300 милиони евра буџетски пари на граѓаните, а ништо не е направено, луѓето шлапаат во кал, децата се разболуваат, нема водовод и канализација, што однесе и човечки жртви.

-Само развој на општините може да донесе подобар живот за граѓаните, рече претседателот Заев.

Тој испрати порака до новите градоначалници и советници да работат чесно и да им служат на граѓаните.

-Убаво време доаѓа и за Гази Баба, и за Град Скопје, и за цела Македонија, оцени претседателот Заев.

-Имавме кристално чисти избори, најголемата победа е на граѓаните, да си ја сочуваме победата на фер избори и во вториот круг од којшто победник ќе излезе и Република Македонија. Вие сте среќни за мене, и јас сум среќен за вас, ајде да ја направиме среќна цела Македонија. Во недела, да гласаме за бројот 19, за Борче Георгиевски, за живот во Јурумлери, во Гази Баба, како и во цела Македонија, повика претседателот Заев на завршниот митинг за вториот круг локални избори, што ќе се одржи на 29 октомври.

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски оцени дека историската победа на СДСМ и коалицијата во првиот круг во оваа општина е поради заедништвото на граѓаните кои го препознале концептот што носи живот.

-Се потврди дека граѓаните бараат отворена и услужна општина. Со вашата поддршка ме обврзавте општина Гази Баба, повторно сите заедно, да ја направиме модерна и современа општина за сите граѓани, рече Борис Георгиевски, кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата на завршниот митинг вечерва во Јурумлери.

 

 

 

Последни вести