fbpx

Заев во Тетово: Да ги прекршиме работите до крај, барам поддршка за Арифи, заедно ги трасираме патиштата на модерна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Благодарам за негувањето на вредностите зад кои стоиме сите. Испишуваме историја. Тука сме од сите етнички заедници. Ова е нашето богатство за иден раст и развој на Тетово и на Република Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со граѓаните од оваа општина.

-Кога го испорачавме концептот едно општество за сите не беше лесно да се верува. Многу од вас застанаа зад него, дека е вредно да се бориме. Една од нив беше и сегашната и идна градоначалничка на Тетово, Теута Арифи. Барам поддршка за Теута Арифи, знам дека вреди ова зад што стоиме исправени, ќе се гордееме и пред деца и пред внуци, овој концепт е единствената алтернатива за Македонија, додаде претседателот Заев.

-Посебно ми е чест да дадам поддршка на жена борец која се одважуваше да го каже тоа што го мисли, зашто и значи Тетово како и Македонија, рече претседателот Заев.

Тој дополни дека Тетово и Македонија се богатство на различности, исто како Европа, дека со предизборната коалиција СДСМ и партнерите и ДУИ овозможиле и последните предрасуди да се стават на страна и да се почне со решавањето на суштинските економски и инфраструктурни проблеми на граѓаните.

-Ајде да ги прекршиме до крај работите, нека блеснат различностите во нашето единство, во нашата Република Македонија. Ги трасираме патиштата на модерна Република Македонија. Поддржете ја Теута Арифи. Ќе има живот и во општина Тетово како во цела Македонија, порача меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешното обраќање пред граѓаните во Тетово.

 

 

 

Последни вести