fbpx

Заев со Адеми во Јегуновце побара поддршка за Дарко Блажевски: Заедно ќе ги решиме проблемите на сите граѓани!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Заедно сме, сплотени. Концептот е едно општество за сите. Само заедно може да ги решиме проблемите, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓани во село Шемшево, општина Јегуновце.

Тој рече дека во 21 век мора да има чиста вода, да се реши проблемот со септички јами до бунарите за вода, децата да не шлапаат во кал и да се разболуваат и дека овие проблеми ќе се решат.

-Регионално мора да ја поврземе општина Јегуновце, за да има инвеститори општината и да има развој. Конечна цел ни се работни места, посебно за младите луѓе. Овде голем дел од граѓаните живеат од земјоделство, субвенциите ќе одат кај вистинските земјоделци. Интервениравме да го спасиме Југохром, ќе има и филтри и на пролет вработените ќе се вратат на работа, тоа се прави со политики на грижа за сите граѓани, рече претседателот Заев.

-Барам поддршка за Дарко Блажевски од сите граѓани, независно од етничката припадност. Тој ќе им служи на сите граѓани, повика претседателот Заев.

За поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Јегуновце, Блажевски, во име на ДУИ повика и Абдулаким Адеми.

-Оваа наша земја има перспективи, ќе работиме чесно и ќе дадеме резултати. Во недела на 29 октомври сите да заокружиме 19 за живот во Јегуновце како во цела Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средбата со граѓани во Јегуновце.

 

 

 

Последни вести