Соопштение за јавност
Во очајнички обид да најде оправдување за поразот во првиот круг на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и измислици иако неколкупати претходно и официјално беа демантирани од надлежните институции.
Министерството за внатрешни работи и надлежните институции итно и неселективно постапуваат по какви било прекршувања на законите, без разлика на тоа кој ги извршил незаконските дејствија.
Времето на злоупотреба на институциите за партиски цели заврши кога ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заминаа во опозиција. Ослободените и професионализирани институции, денес работат одговорно, независно, во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Слободната волја на граѓаните е загарантирана и потврдена.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА