Соопштение за јавност
-Нека ви е честита победата од првиот круг, да ја дозавршиме работата на 29 октомври за живот и во Росоман, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на средбата со граѓани во оваа општина.
-Слободно гласање ги донесе промените во Македонија, ги носи и во Росоман, додаде претседателот Заев.
-На крајот од кампањата влегуваме како фаворити. Да ги охрабриме луѓето од јавната и државната администрација. Сите имаме обврска да донесеме живот во Росоман. Гласајте слободно, на никого ништо не му должите, рече претседателот Заев.
Тој додаде дека пари има во државата но на досегашната централна и локална власт поважни им биле пари за лични интереси.
-На Македонија и се потребни чесни политичари. Не се политичарите за да бидат ѕвезди, туку само да им служат на граѓаните, рече претседателот Заев.
-Мораме овде да отвориме современ откупен центар. Зошто овде, затоа што ова е центарот на Тиквешијата, најави претседателот Заев.
Тој соопшти дека субвенците ќе бидат редовни и повисоки, решавање на проблемот со отпадот, современи училишта и инфраструктура.
-Времето на делби заврши, ние сме различни, подаваме рака, заедно ќе ја градиме општина Росоман. Заедно носиме живот и во Росоман, да сработиме во интерес на сите граѓани, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во општината Росоман.