Соопштение за јавност
-Се одважи Градско во првиот круг, да ја заокружиме победата на 29 октомври и да види живот и Градско во Македонија, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓани во општина Градско.
-Ќе ја промовираме индустриската зона овде во Градско. Конечна цел е да отвориме работни места. Градско е вистинска крстосница во Македонија, трансферзала Север Југ, нема подобра локација за индустриска зона од овде. Не само за да ни останат младите. Можеме да ја направиме општината привлечна и за домашни и странски инвеститори, рече претседателот Заев.
-Ви ветувам чесни политики и на централно и на локално ниво, апелирам на мудри одлуки, рече меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓани во општина Градско.
Претходно, кандидатот за градоначалник на Градско, Роберт Бешовски, го претстави проектот за индустриска зона на локацијата кај регионалниот пат Градско Неготино, на којашто сега има само шут и ѓубре.
-Да направиме индистриска зона за мали и средни претпријатија, а ќе биде и откупен центар. Станува збор за површина од 56 декари. Руинираниот објект, се планира да биде реновиран во хотел, објасни Бешовски.
Претседателот Заев ја поддржа целосно идејата.
-Комплетна инфраструктура да развиеме и да се реализира проектот на оваа одлична регионална локација, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Градско.