fbpx

Заев: Со чесен пристап Кавадарци ќе го реализира потенцијалот, да ја заокружиме промената во вториот круг

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Тоа е слободата за којашто се боревме! Сите заедно на исто ниво отвараме дебата, форум којшто ќе биде пракса на работење на општина Кавадарци и на сите општини во Република Македонија.” порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот отворен форум со граѓаните на Кавадарци.

Претседателот Заев рече дека на Кавадарци му е потребен чесен пристап за да може да го реализира својот огромен потенцијал, преку грозјето, виното, лозовите насади, преку квалитетна изградена инфраструктура, да прерасне во туристичка дестинација, да се купува шише вино плус, да расте потрошувачката, модернистички да се натпреварува со другите општини и на тој начин сериозно да учествува во севкупниот економски раст.

„Нашата филозофија е да направиме се да најдеме пари и да ги пуштиме кон граѓаните” рече претседателот Заев.

Претседателот Заев најави дека од следната година ќе започне реализацијата на мерката поврат на 15 % од ДДВ за граѓаните. Како што објасни тој, граѓаните плаќаат ДДВ на се што трошат и купуваат и државата има намера дел од тие пари да им ги врати на граѓаните.

„Го менуваме законот за извршна дејност за да може извршителите да ги поставиме онака како што е секаде во демократскиот свет. Не може за 2.000 денари, да дојдат 22.000 денари до извршител” соопшти претседателот Заев.

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Бетиан Китев ги повика граѓаните масовно да гласаат за бројот 19, за да се заокружи победата и во Кавадарци и да се отпочне со сериозна работа во интерес на граѓаните на Кавадарци.

 

 

 

Последни вести