fbpx

ВМРО-ДПМНЕ призна дека е нарачател на насилството на 27 април и нападот врз пратениците, амнестија не смее да има

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ не само што признава дека е нарачател на насилството на 27 април и нападот на пратениците туку и се идентификува со насилниците кои се обидоа да извршат убиство и физички нападнаа пратеници, новинари и вработени во парламентот.

Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги спаси своите извршители од одговорност ја потврдуваат нејзината улога во настаните на крвавиот четврток.

Амнестија за оние кои учествуваа или помогнаа во обидот да се убијат пратеници не смее да има. Во Македонија, како и во секоја демократска земја не може да има амнестија за тешки кривични дела како обид за убиство, терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок.

На Никола Груевски и на раководството од оваа партија треба да им е јасно дека заврши времето на селективна правда и на монтирани случаи. Македонија станува правна држава и секој кој ги прекршил законите, ќе мора да се соочи со правна одговорност за своите постапки.

 

Скопје, 20.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести