fbpx

Филипче: Секој член на СДСМ ќе има глас и влијание

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение – обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Членовите на СДСМ се враќаат, и тоа е доказ дека луѓето ја препознаваат нашата посветеност, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на народниот собир во с. Селце, Прилеп, кој традиционално се одржува по повод Денот на народното востание, 11 Октомври.

„Ние ќе ги решиме предизвиците, чекор по чекор. Не е лесно, но ќе ги решиме. Како претседател ветувам дека ќе ги изберам најдобрите луѓе – оние кои имаат поддршка од членовите, кои се подготвени да им служат на граѓаните, а не да се служат со нив. СДСМ ќе го врати гласот на членството. Секој член ќе има глас и влијание, затоа што СДСМ е партија на народот“, рече Филипче.

На народниот собир, Филипче потенцираше дека нема да има отстапки од социјалдемократските вредности, меѓу кои најважна е грижата за граѓаните.
„Ветувам дека нема отстапувања од нашите вредности. Верувам во правдата, во еднаквоста, во еднаквите можности за сите. Ние сме партија која се грижи за сите граѓани, без разлика кои се и од каде доаѓаат. Тоа е визијата што ја нудиме – модерна, праведна и просперитетна Македонија“, посочи Филипче.

Во обраќањето, Филипче нагласи дека СДСМ нема да му дозволи на ВМРО ДПМНЕ да ја држи државата и граѓаните во заложништво.

„Како што нашите предци на 11 Октомври се кренаа против угнетувањето, така и ние денес мора да се кренеме против оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ ја држи Македонија во заложништво со своите лажни ветувања, но ние нема да дозволиме тоа да продолжи.СДСМ ќе ја врати Македонија на вистинскиот пат. Ние ќе ја вратиме надежта, ќе ја вратиме иднината и ќе се избориме за секој граѓанин“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Последни вести