fbpx

Заев од Охрид: Да продолжи промената, во недела, да ја заокружиме, за живот во сите општини, во Македонија за сите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

-Повикувам ајде заедно да испишеме историја во древниот Охрид. Да го сочуваме градот и да им обезбедиме работни места на младите и живот покрај своите најблиски. Ве повикувам, во недела, масовно да излеземе и да си го сочуваме Охрид, градот повторно да биде бисер на Балканот. На 15 октомври да ги заокружиме промените овде во Охрид и во цела Македонија, порача претседателот Зоран Заев на завршниот митинг во Охрид.

-Најдоброто доаѓа, имаме визија, имаме тим, со чесни политичари на централно и на локално ниво, ќе има живот и во Охрид и во цела Македонија, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека “Охрид не е обичен град, Охрид е наше и светско културно богатство и наша обврска е градот и Охридското езеро да ги сочуваме за следните генерации”.

-Охрид нема да биде повеќе евтина туристичка дестинација туку ќе има автентичен, уникатен и достоинствен туризам. Ќе имаат и бенефит приватните бизниси и ќе има нови работни места и поголеми плати, додаде претседателот Заев.

Тој најави дека “државата ќе ја преземе обврската со колекторскиот систем и државата ќе се грижи за Охридското езеро”.

-Ви се обраќам на сите, насекаде низ Македонија, пред гласањето во недела, да размислите добро за кого и за што го давате гласот. Мора да продолжи прoмената, да биде целосна и да бидат целосни слободата, правдата, животот во секоја општина во Македонија.

На 15 октомври да заокружиме 19 за живот во Охрид и живот во Република Македонија, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на завршниот митинг на СДСМ и коалицијата во Охрид.

 

 

 

Последни вести