Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со жителите на Дебарца и населените места од оваа општина.
Тој најави низа инфраструктурни проекти во овој крај, водоводни, канализациони системи, како и поврзување на селата со соодветни патишта.
„За жал се уште имаме села без чиста вода за пиење, се уште нема канализациони системи. Денеска стрепиме дали ова прекрасно подрачје на чиста природа треба да има депонија или не. Секако дека тоа никогаш нема да го дозволиме. Се уште зборуваме како ќе се поврзани селата, се уште газиме во кал во 21 век. Целта е да си го дадеме зборот и да знаете дека овде, во Дебарца, ќе ги реконструираме патните правци Ботун – Брежево, Волино село- Мороишта, Требеништа – Мислешево. Ќе реконструираме општински патишта Злести, Белчишта, Арбиново, врската со автопатот А2, асфалтирање на патот Злести – Манастир Света Богородица“, порача претседателот Заев.
Тој потсети дека своевремено општина Дебарца била предвесник на изборните победи на СДСМ и повика и на овие локални избори Дебарца да гласа за живот во Македонија.
„И знам дека како некогаш, кога се зборуваше по цела Македонија, а јас како млад социјалдемократ учев, Дебарца победуваше уште во 17 часот. Сакам во недела да слушнам дека навистина уште во 17 часот е завршена работата. Да гласаме за живот во Дебарца, да гласаме за живот во нашата Македонија“, повика претседателот Заев.