fbpx

Македонија е слободна, граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја слават демократијата и победата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Сите наделжни институции се целосно профеионализирани и посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори. Граѓаните да бидат спокојни и да не подлегнуваат на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ и во недела масовно и слободно да го искористат своето право на глас.

Избирачкото право е загарантирано, а изборната волја на граѓаните ќе биде целосно испочитувана.

Времето на злоупотреби на институциите, поткупот, уцените и заканите за предизборни партиски цели заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во опозиција. Таа криминална ера заврши и ниту една измислена „стража“ нема да ја врати.

ВМРО-ДПМНЕ не може и не знае да функционира во фер и регуларни услови и затоа во недела ќе загуби на фер, слободни и демократски избори, на кои на кои граѓаните ќе ги закоружат промените и на локално ниво и ќе стават крај на децениското криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ со општините.

 

Скопје, 13.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести