Соопштение за јавност
Ниту едно лажно обвинување, ниту една прес конференција на која ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести не може да го сокрие фактот дека токму ВМРО-ДПМНЕ го укина законското право на усогласување на пензиите со растот на трошоците за живот.
Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ ги оштети пензионерите. Покрај ускратувањето на законската можност од зголемување на пензиите согласно трошоците за живот, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела средства во буџетот за 2017 покачување на пензиите.
За разлика од таквиот лажен, лицемерен пристап на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ ја исправи неправдата кон пензионерите. Целосно се спроведува законското усогласување на пензиите согласно растот на трошоците на живот и покачувањето на платите и по тој основ пензионерите ќе добијат дополнително околу 2.000 денари за цела 2017 година, по просечна пензија.
Скопје, 13.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА