fbpx

Шилегов денеска на средби со граѓани во Кисела Вода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на петнаесеттиот ден од кампањата за локални избори 2017 (10-ти октомври), водеше кампања во општина Аеродром. Заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Мартин, остварија средба со спортски работници од општината, а присуствуваше и на хуманитарната трка на кејот на река Вардар.

„Освен хуманитарниот момент на денешниот ден, тука сме заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин, да излеземе во пресрет и на проблемите коишто ги имаат граѓаните на градот Скопје во овој дел од градот. Непосредно до оваа локација се наоѓа од едната страна една урбана современа населба, а од другата страна е Керамидница. Очигледна е потребата на граѓаните од Керамидница за еден квалитетен пешачки мост кој ќе им овозможи подобра комуникација со останатиот дел од градот. Тоа е предвидено во нашата програма, тоа е утврдено во потребите на граѓаните и тоа е нешто што во текот на мојот мандат ќе биде изградено за да им излеземе во пресрет на потребите на граѓаните“, рече кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ. „За мене и за тимот што го предводам е клучно да разговараме со луѓето, да ги разбереме нивните проблеми, а наталожените проблеми еден по еден да ги решаваме. За нас овие избори се важни од два аспекта, прво затоа што е неопходно да го завршиме процесот на ослободување на Македонија, и тоа да го спуштиме на локално ниво. Освен централната власт, да ги ослободиме општините од досегашниот режим на Никола Груевски и да завршиме со нетранспарентното, коруптивно и криминално владеење во Република Македонија“, порача Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска во духот на државниот празник 11-ти Октомври, ќе оствари повеќе средби со граѓани и ќе го одбележи празникот, а потоа ќе се среќава со граѓани низ Кисела Вода.

 

 

 

Последни вести