fbpx

Спасовски од Босилово: Со успешни општини ќе имаме и успешна Македонија, создаваме пристојни услови за живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Програмата на СДСМ за локалните избори ги опфаќа сите барања и потреби на граѓаните во Република Македонија. Во сите општини значајно е да се градат нови проекти по план, да има чиста вода и здрава животна средина и што повеќе пари кај граѓаните, порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на вчерашното обраќање пред граѓаните во општина Босилово.

„Се обврзуваме секаде во Македонија да градиме по план. Онаму каде што е потребно да градиме канализациски мрежи, детски градинки, училишта и да создаваме услови за пристојни услови за живот. Ќе сториме се за што повеќе пари да се вратат кај граѓаните, за да имаме богати семејства. Ако имаме побогати семејства ќе имаме и побогати и поуспешни општини, а ако успеат општините, тоа значи дека и Македонија ќе биде успешна. “ порача Спасовски.

Потпретседателот Спасовски порача дека главен императив на СДСМ и Владата предводена од СДСМ е секаде да има здрава животна средина и здрава вода за пиење и го повтори ставот за отворање на рудници во општина Босилово.

„Како Влада, ќе го поддржиме идниот градоначалник на Босилово во напорите да не дозволи да се отворат рудници и да се уништи животната средина. Здравје за сите, затоа што здравјето на граѓаните е најважно“ порача потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.

 

 

Последни вести