Соопштение за јавност
-И општина Петровец да си го најде своето место во прогресот на Република Македонија, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот митинг во оваа општина.
Претседателот Заев оцени дека општината ги има сите потенцијали да биде една од најразвиените општини во државата.
-Ја имате мојата поддршка за гасификација на општината. Ќе го донесеме природниот гас којшто ќе овозможи заштеди на семејствата, но и индустриски развој. Ќе изградиме тротоари, да не ни гинат деца по улиците. Ќе изградиме и канализациска мрежа со што конечно ќе ги затвориме јамите во оваа општина, рече претседателот Заев.
-Не дозволувајте кога цела Македонија се менува, Петровец да остане во калта. Поддржете ги промените, за живот во Петровец за сите и за нашата заедничка иднина во Република Македонија, рече меѓу другото претседателот на СДСМ, Зоран Заев на вчерашниот митинг во општина Петровец.