Соопштение за јавност
Со тоа што ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и хистерично манипулира со наводна рецесија потврдува дека тие погубно и лошо раководеа со економијата. Податоците за растот на БДП се од првите шест месеци од 2017, период кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата и ја држеше земјата во заточеништво.
Вистината е дека економијата се раздвижува, а најголема потврда за тоа се последно објавените податоци од ДЗС. Заради успешно спроведување на економските мерки кои ја стабилизираа економијата имаме зголемување на бројот на работници во индустријата кој за август оваа година споредено со август 2016 година е зголемен за 3%. За првите осум месеци оваа година во споредба со истиот период лани, бројот на работници е зголемен за 1.3%. И покрај целата блокада од почетокот на оваа година, со економските мерки што веднаш ги усвои новата влада, извозот е зголемен за 14% во однос на првите осум месеци од 2016 година.
Направените штети во економијата од криминалното работење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат. Сите ги чувствуваат придобивките од одговорното, домаќинско и отчетно работење на Владата предводена од СДСМ, кое по 15-ти октомври ќе се преслика и на локално ниво.
Скопје, 09.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА