fbpx

После 11 години масовна злоупотреба на институциите, ВМРО-ДПМНЕ веќе не може да ги препознае интересите на граѓаните и на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ се уште живее во светот на лагите, манипулациите и заканите. Залудни се нивните обиди да создадат лажна слики за наводни злоупотреби на партиски институции.

Очигледно е дека она што значи вистинска борба против злоупотреба на институциите, за ВМРО-ДПМНЕ значи закани и уцени, бидејќи нивните кадри и не знаат поинаку да работат. После 11 годишна масовна злоупотреба на институциите ВМРО-ДПМНЕ веќе не може да ги препознае интересите на граѓаните и на државата.

Главен интерес и на Министерството за труд и социјална политика и на останатите државни институции е да работат за заштита на правата на граѓаните. Државните институции работат слободно и професионално и остануваат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се навикне дека Центрите за социјални работи нема веќе да се користат и злоупотребуваат во предизборни партиски цели како што правеа за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Времето кога државни функционери можеа неказнето да ја злоупотребуваат службената положба за да вршат притисоци, закани и уцени врз граѓаните, заврши со заминувањето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

 

Скопје, 09.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести