Соопштене за јавност
Очајничките обиди на ВМРО-ДПМНЕ со лаги да го оцрнат Златко Марин, кој победува во општина Аеродром, нема да го спасат Ивица Коневски од пораз. Со лажни, рачно напишани ливчиња како измислен доказ за рекет, ВМРО-ДПМНЕ станува потсмев за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ безобразно лаже, а по инерција тоа го прават и медиумите под контрола на Груевски. Ако било што од ова беше точно, ВМРО-ДПМНЕ ќе објавеше докази, имиња на фирми и лица кои наводно биле жртви.
Јасно е дека не смеат тоа да го направат бидејќи би добиле соодветни тужби.
За разлика од Марин кој е угледен професор и скромен човек, Коневски осум години им слугуваше на бизнис интересите на Груевски, Мијалков и на градежната мафија во Аеродром. Јасно е дека казната за сите нив доаѓа на 15 октомври, кога граѓаните ќе стават крај на расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром и ќе изберат нова одговорна локална власт.
Скопје, 09.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА