Соопштение за јавност
Коце Трајановски, продолжената рака на Никола Груевски е најголемиот виновник и поттикнувач на загадувањето во Скопје. Со масакрирањето на зеленилото, со уништување на парковите и зелените појаси, со лошите сообраќајни решенија и со зделките за нееколошки дизел автобуси, Трајановски е директен поттикнувач на енормното загадување.
Апсурдни и лицемерни се обидите на Коце Трајановски вината за загадениот воздух да ја посочува насекаде освен во неговата неспособност да го реши проблемот со загадувањето. Наместо да се грижи за здравјето на граѓаните, Коце Трајановски реши да ги исполнува криминалните желби на Никола Груевски и со тоа
Скопје го направи најзагаден град во Европа.
Залудни се обидите на Трајановски да избега од одговорноста. Граѓаните многу добро знаат како тој раководеше со градот за време на неговите мандати и затоа на 15 октомври ќе му ја испорачаат казната за сите вдишани отрови во изминатите осум години. Граѓаните ќе изберат нова градска администрација предводена од СДСМ која ќе работи ефикасно, одговорно и ќе донесе сериозни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.
Скопје, 09.10.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА