fbpx

Заев: Создаваме општина за сите, да се врати животот во Виница, младите да учат и да работат тука

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градовите и селата во Македонија се празни, младите, се селат или во Скопје, но голем дел и во Европа и низ целиот свет, патиштата се запустени, а населените места се отсечени од остатокот на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на митингот во Виница.

Претседателот Заев упати порака до младите да останат во своите родни места и во државата, бидејќи се отвораат нови можности за сите.

„Сакам да ви порачам дека треба да се борите овде во државата. Отворивме нови механизми. Имате можност кога ќе завршите образование да искористите од вашата земја, од Република Македонија. Нови мерки кои што веќе ви стојат на располагање. Првата мерка е: имате бруто плата најмалку за една година, значи нето плата и придонеси. За да работите во било која фирма без да ве плаќа газдата. Ќе ве плаќаме од буџетот на вашата земја, од Република Македонија. Искористете грант од 10 илјади евра, отворете свој сопствен бизнис, неповратни пари. Правете, што ќе правите, но останете овде во Виница, во Македонија“ им порача вечерва на младите виничани, претседателот Заев.

Во своето обраќање, претседателот Заев истакна дека е доста од назадување на оваа општина и затоа повеќе од јасно дека Виница ќе избере промени.

„Јас сум убеден дека Виница со вечерашното присуство, со оваа масовност овде, испраќа сериозна порака дека доста беше тонење на Виница. После вечерва, ќе им биде јасно и на тие што не им беше досега јасно. Победуваме во Виница и тоа јасно, во првиот круг со 1000 гласови разлика“ порача Зоран Заев.

Цел ден, како што рече тој, врнеше дожд денеска во Македонија и таман да дојдеме во Виница, престана.

„Ама добро е што престана, оти викаат кога врне во Виница, општинската свечена сала прокиснува. Тоа кажува се. Но ако ви е за утеха, прокiснува и ВМРО – ДПМНЕ. А најпрокиснат е Никола Груевски“ истакна претседателот Заев.

 

 

 

Последни вести