Обраќање,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Јегуновце, 05.10.2017
Во вторник, на 10ти октомври, во Владата на Република Македонија ќе се потпише договор помеѓу Владата, сопственикот и синдикатот на вработените за изградба на филтрите во Југохром, на задоволство на сите, на задоволство на вработените, на задоволство на еколошките друштва, на задоволство на газдата. Душата му ја извадиле од рекет на газдата, овие бандитите пред нас по 200, по 300 илјади евра.
Почнуваме со изградба на филтрите, сите работници ќе се вратат на работа, наша цел е март, април да стартува комплетно Југохром со фул капацитет.
Сакам вечерва овде да испорачам ветувања, како моја поддршка и поддршка на Владата и мнозинството во Парламентот, за идните проекти во општина Јегуновце. Ќе работиме со новата локална власт во Јегуновце, да го обновиме секој дел на регионални патишта, и тоа од Јегуновце до Желино, 17 километри, од Лешок до Шемшово, 5 километри, и од Пршовце до Јегуновце, 5 километри. Ќе изградиме и локални патишта на релација Туденце – Сиричино и од мотел „Вратница“ до Беловчиште.
Тоа е мојот збор, а зборот е збор. Денеска патриоти се тие што ќе обезбедат достоинствен живот на своите граѓани дома, тука во Македонија.
Ве повикувам, почитувани граѓани, драги мои пријатели, да гласаме за број 19, за Дарко Блажевски, за број 19, за советничката листа предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Да гласаме за живот во Јегуновце за сите подеднакво. За живот во Македонија за сите!