fbpx

Лажни вести се информациите што ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во јавноста, вистината е дека има пораст на извозот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вистината е дека има пораст на извозот и тоа за 14 % во периодот јануари – август 2017 во однос на истиот период претходната година. Исто како што е вистина дека има и пораст на бројот на работници во индустријата.

Вистинска потврда за успехот на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е растот на бројот на работници во индустријата, кој за август оваа година, споредено со август 2016 е зголемен за 3.1%. За првите осум месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1.3%

Направените штети во економијата поради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат. Економијата се раздвижува и првите резултати се видливи.

Пад ќе доживее ВМРО-ДПМНЕ на 15-ти октомври заради лагите и нечесниот однос кон граѓаните, но и заради свесното уништување на економијата што го спроведуваа цели 11 години!

Скопје, 05.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести