fbpx

Шилегов денеска ќе се сретне со граѓаните на Општина Аеродром

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на десеттиот ден од кампањата за локални избори 2017 (04-ти октомври), оствари средби со жителите од општина Шуто Оризари.
Исто така, тој одржа средба со комора за мал бизнис и здружение за енергетска ефикасност, а се сретна и со дефектолозите од Скопје.

„Мерките кои што ги носиме со програмата Живот за сите, ќе дадат повисок стандард и поквалитетно живеење. Остануваме доследни на нашата одлука да создадеме услови кои што ќе обезбедат повеќе пари за граѓаните, повеќе средства за младите, повеќе средства за малите бизниси. Со покачувањето на минималната плата отворивме спиралата за зголемување на платите. Таа тенденција ќе ја продолжиме и на локално ниво.

И овде во Шуто Оризари да се почувствуваат мерките, да се почувствува животот за сите во оваа општина. Нашата Програма овозможува директна поддршка за домашните фирми, за малите и за средните претпријатија, какви што овде ги има најмногу. Обезбедуваме повеќе пари во општините, во градот Скопје, за да се отворат повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин, за локален развој.

Младите претприемачи, кои што ќе одлучат да започнат бизнис ќе бидат ослободени две години од плаќање комунална такса кон Градот Скопје. На тој начин ќе обезбедиме директна помош за овие луѓе.
Ќе обезбедиме можности во новиот Центар за помагање на мали бизниси, за започнување на бизнисот, за започнување на сопствена работа со која што програма ќе ги поттикнеме младите да започнат сопствен бизнис, сопствена бизнис идеја, со обука и помош за остварување на тие дејности.

Со победата на 15 октомври веднаш ќе ја вклучиме бизнис-заедницата во дефинирање на приоритетите на градот. Посветената и одговорна работа ќе носи пари директно кај граѓаните.

Ве повикувам на 15 октомври сите заедно да гласаме за промени на локално ниво, за да обезбедиме повисок стандард и поквалитетен живот за сите во Скопје“, порача Шилегов од Шуто Оризари.
Кандидатот за градоначалник Петре Шилегов, во текот на вчерашниот ден разгледа и неколку локации каде се планирани клучни капитални проекти, како што се градинка, катна гаража…

Денеска, Шилегов ќе ја посети општина Аеродром. На почетокот на денот повторно ќе се сретне со граѓанските активисти од иницијативата „На точак“, со кои ќе разговара за инфраструктури проекти со кои ќе се овозможи непречен пристап за велосипедистите низ градот.

Подоцна ќе ги посети дуќаните и продавачите во трговскиот центар во населба Лисиче, ќе го посети Усјанскиот канал и депонијата во тој дел од градот. Потоа, во 13:30 ќе даде изјава за медиуми кај Бановина. Во текот на денот ќе посети и други локации во населбата и ќе зеде учество во кампањата од врата на врата низ општината.

 

 

Последни вести