fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не може да создаде атмосфера на несигурност, институциите постапуваат по секое прекршување на законите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Организираното прекршување на изборниот процес, попречувања на правата на граѓаните, сеење страв и омраза и злоупотреба на институциите за партиски цели беше главна одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и тоа време заврши.

Ослободените и професионализирани институции работат исклучиво во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Доказ за тоа е и итното постапување на неодамнешниот инцидент во Шуто Оризари како и постапувањата по сите други прекршувања на законите.

Институциите нема да дозволат да биде загрозено правото на граѓаните да гласаат слободно на фер и демократски избори.

ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со создавање атмосфера на несигурност и да ги остави надлежните институции професионално и независно да ја вршат својата работа. Уверени сме дека надлежните институции ќе продолжат со своето неселективно и професионало дејствување во заштита на законите и интересите на граѓаните.

 

Скопје, 04.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести