fbpx

Новата градска администрација предводена од СДСМ ќе ги реши проблемите што ВМРО-ДПМНЕ и Трајановски со години ги игнорираа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски имаа цели осум години да го подобрат и олеснат животот на граѓаните во Скопје, но наместо тоа, тие се одлучија да ги исполнуваат желбите на Никола Груевски и преку криминални проекти да истурат стотици милиони евра на еден квадратен километар додека остатокот од градот беше заборавен.

Програмата на СДСМ и програмата на кандидатот за градоначалник Петре Шилегов нудат решенија за сите проблеми од кои ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски бегаа со години, вклучително и за Езерото Треска. Како што е најавено во програмата, новата градска администрација предводена од СДСМ, веднаш ќе иницира враќање на надлежностите за СРЦ Треска, по што преку принципот на јавно приватно партнерство ќе започне целосна ревитализација на центарот со што ова култно место повторно ќе им се врати на граѓаните.

Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидуваат да ги лажат граѓаните преку лицемерни ветувања за проекти кои доколку сакале можеле одамна да ги остварат. Граѓаните го препознаа нивното лицемерие и расипништво и затоа на 15 октомври ќе изберат нова градска администрација што ќе работи во интерес на Скопје и неговите граѓани.

 

Скопје, 04.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести