fbpx

Потврда за успехот на економските мерки е зголемувањето на бројот на работници во индустријата, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Лажни вести се информациите што ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во јавноста за некаков пад на индустриското производство.

И покрај политичката криза којашто беше пролонгирана од блокадите на ВМРО-ДПМНЕ со кои спречуваа мирен трансфер на власта, индустриското производство оваа година е речиси на идентично ниво споредено со истиот период минатата година што се должи на мерките и политиките на владата предводена од СДСМ што ги превзема за стабилизација на економијата.

Вистинска потврда за успехот на економските мерки што ги спроведува Владата предводена од СДСМ е растот на бројот на работници во индустријата, кој за август оваа година, споредено со август 2016 е зголемен за 3.1%. За првите осум месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, бројот на работници во индустријата е зголемен за 1.3%.

Економијата се раздвижува и првите резултати се видливи.

На 15-ти октомври граѓаните ќе ги испорачаат бројките што ќе означат пад и пораз на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски заради децениското расипничко уништување на економијата што тие го спроведоа!

 

Скопје, 04.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести