Соопштение за јавност
„Вкупно 22 партии се здруживме за живот, за Скопје, за Карпош, за цела Македонија. Јас знам, Карпош тоа го може, а и ќе го покаже, ќе избере живот! Не за џабе општината носи револуционерно име – симбол на ослободување на Македонија од поробувачите и окупаторите низ годините и вековите!“ порача претседателот на СДСМ на митингот на СДСМ и коалицијата којшто се одржа во Карпош.
Претседателот Заев рече дека Стефан Богоев е човекот кој ќе ја врати општина Карпош на карпошани. Карпош, додаде Заев, ќе ја има целосната поддршка од централната власт и од новиот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов и изрази силни уверувања дека општина Карпош ќе биде една од најдобрите општини во Република Македонија.
„Мерка која веќе ја промовиравме е младинската гаранција, а Стефан многу помогна овој проект да го развиеме и да го донесеме тука, на дофат на младите од Македонија.“ рече претседателот Заев.
Тој ги објасни опциите што им стојат на располагање на младите со оваа мерка, поддршка за нивно врбаотување, поддршка за продолжување на образованието или за стручна подготовка, тренинг или пракса.
„Не ја испуштајте оваа шанса која ви е на дофат! Барајте повеќе, бидете гласни, покажете интерес за новите мерки за економски раст на Македонија! Ваша е Македонија, освојте ја со вашата амбиција, упорност и креативност!“ порача претседателот Заев.
Претседателот Заев ја побара поддршката на граѓаните за да може да се реализира визијата за Скопје да биде град кој работи за граѓаните и град кој ги поврзува граѓаните.
„ Град кој работи за вас значи град кој сите свои функции ги насочува директно кон вашите потреби и приоритети. Скопје да биде град по ваша мерка.“ посочи Заев.
Како што истакна Заев локалната самоуправа и градоначалникот заедно со граѓаните ќе одлучува што и како ќе се гради, кои се приоритетите и како ќе се трошат парите на граѓаните.
„Дали треба да се гради нова зграда или нов паркинг простор на некоја локација во Карпош? За тоа ќе бидете директно консултирани, вие граѓаните на Карпош.“ посочи претседателот Заев.
Пред граѓаните на Карпош се обрати и кандидатот за градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов кој порача дека енергијата што граѓаните ја испраќаат од овој собир ги испраќа во историја Стевчо Јакимовски, Коце Трајановски и Никола Груевски.
„Доста е за уништувањето на зеленилото. Без трошка совест ги исекоа сите дрвја. Дрвја стари и по половина век. Коце ветува ново зеленило десетпати помалку од тоа што го исече“ потенцираше Шилегов.
Тој рече дека новата општинска администрација целосно ќе се посвети на решавање на проблемот со загадувањето на воздухот и отворено и транспарентно ќе се објавуваат сите податоци поврзани за овој проблем.
„Ќе воведеме принцип на задолжителен надомест на изгубеното зеленило заради градба на нови објекти. Нудиме системско, еколошко и модерно решение за јавниот градски превоз“ соопшти Шилегов.
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев по победата на 15-ти октомври најави целосна ревизија на спорните деталните урбанистички планови, на финансиското работење на општина Карпош.
„Ни ги одземаа парковите, не загушија во отровен воздух, но го одземаа маалскиот живот. На сево ова, возвраќаме со целосен попис на зеленилото и негова заштита, со многу маалски зелени скверови и паркичиња. Возвраќаме со огромен, модерен, зелен и убав парк по должината на реката Вардар кај Карпош 4 кој ќе обезбеди чист воздух, здрав живот и маалска дружба за идните генерации“ рече кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Стефан Богоев на синоќешниот митинг во Карпош.