fbpx

Заев: Чаир е слика на мултиетничка Македонија, да испратиме порака на заедништво, сплотеност и живот за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска имаше средба со жителите на Општина Чаир, кои што изразија поддршка на акцијата за живот и концептот едно општество за сите.

Претседателот Заев побара поддршка од жителите на оваа општина за кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, како и за кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу.

„Барам поддршка за нашиот другар, досегашниот пратеник Петре Шилегов, човек кој си го сака Скопје и кој сака Скопје подеднакво да се развива. Да нема приоритетни општини и општини кои се последни во плановите на градот. Имаме намера градот рамноправно да се развива, заради тоа што градот е подеднакво на сите граѓани што живеат на неговата територијата. Јас сум среќен, што можам денеска да побарам поддршка од вас, за човек за кој сум убеден дека ќе работи јуначки за интересот на сите граѓани на Скопје. А јас ќе го имам задоволството да го поддржам со сета сила и како премиер и како Влада и како човек“, рече претседателот Заев.

Тој искажа поддршка и за кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, од ДУИ.

„Тој е пријател со сите нас, човек кој верува во единството и сплотеноста на нашиот народ. Човек кој ќе им служи подеднакво на сите. Човек кој има прекрасни идеи за развој на цел Чаир, онаков каков што сите сакаме да го видиме“, порача претседателот на СДСМ.

Претседателот Заев најави силна поддршка од Владата за низа инфраструктурни проекти, изградба на водовод, атмосферска и фекална канализација, посочувајќи го примерот со населбата Серава која се соочува со сериозни инфраструктурни проблеми.

„Чаир е слика на нашата мултиетничка Македонија. Како ќе се однесува Чаир, така ќе се однесува и Македонија. Ве повикувам со сите наши различности, овде живеат Албанци, Македонци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, Срби… сите етнички заедници. За мене е важно и како политичар какви пораки ќе излезат овде од Чаир. А јас, не очекувам ништо помалку освен пораки на единство, на сплотеност и на верба кон заедничката добра перспектива, подеднакво за сите граѓани на нашата заедничка Република Македонија“, порача претседателот Заев.

 

 

Последни вести